Починати 25 лица од кои најмладиот на 36 години и 62 нови случаи на ковид-19

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.

1,141

Во последните 24 часа се направени 572 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 398 оздравени пациенти и починати се 25 лица, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се 32, Прилеп и Штип по 7, Куманово 5, Струмица 4, Кавадарци 3, Велес, Кочани, Кичево и Виница по 1.






Регистрирани се 398 оздравени пациенти од Скопје 161, Куманово 48, Битола  42, Кочани  24, Велес 22, Штип 16, Берово 13, Гостивар 12, Струмица и Гевгелија по 10, Кичево 7, Тетово 6, Свети Николе и Дебар по 5, Ресен, Пробиштип, Валандово и Богданци по 3, Радовиш 2, Прилеп, Охрид и Пехчево по 1.

Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје ( 69, 71, 71, 71, 72, 73, 76, 83, 86 и 86), по 2 починати лица од Тетово (36 и 74), Кавадарци (71 и 84) и Струмица (56 и 69) и по едно починато лице од Куманово (75), Прилеп (79), Битола (72), Велес (78), Штип (71), Охрид (81), Кочани (85), Пробиштип (63) и Демир Хисар (70). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 24 се починати во болнички услови.

Направени се 572 тестови преку: ИЈЗ 61, ЦЈЗ Скопје 0, ЦЈЗ Битола 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 0, Судска медицина 0, лабораторија болница Козле 0, УК Пулмологија со алергологија0, ГОБ „8 Септември“0, Институт за микробиологија0, МАНУ 79, Жан Митрев 100, Авицена0, Биотек 0, Систина 123, лабораторија Лаор 0, Синлаб 0, Ремедика 0, Плодност 0, Генеа 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 209.

Досега во земјата се направени вкупно 725.240 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 67.489, активни 6.373, Куманово 8.564, активни 990, Прилеп 8.187, активни 626, Тетово 7.122, активни 531, Битола 6.166, активни 867, Велес 5.411, активни 474, Гостивар 5.120, активни 330, Кавадарци 5.118, активни 365, Штип 4.900, активни 331, Охрид 4.917, активни 455, Струмица 4.021, активни 470, Струга 2.943, активни 155, Кочани 2.728, активни 183, Кичево 2.476, активни 249, Гевгелија 2.177, активни 214, Неготино 2.159, активни 184, Свети Николе 1.493, активни 108, Крива Паланка 1.208, активни 60, Ресен 1.211, активни 189, Радовиш 1.090, активни 94, Берово 1.016, активни 35, Делчево 952, активни 84, Дебар 931, активни 32, Виница 825, активни 129, Пробиштип 774, активни 27, Валандово 660, активни 53, Богданци 491, активни 57, Крушево 481, активни 98, Демир Капија 394, активни 24, Демир Хисар 388, активни 66, Кратово 353, активни 6, Македонски Брод 355, активни 18, Пехчево 262, активни 16, Македонска Каменица 233, активни 16,  Дојран 132, активни 6.

 

Поврзани содржини