Новата љубов на Кардашијан е познат новинар од Си-Ен-Ен?

„Дали Ким веќе го преболела Канје Вест“, се прашуваат нејзините фанови на социјалните мрежи.

425

Во јавноста кружат шпекулации дека 40-годишната старлета Ким Кардашијан, која е во процес на развод од својот сопруг Канје Вест, е во врска со репортерот на Си-Ен-Ен, Ван Џонсон.

„Дали Ким веќе го преболела Канје Вест“, се прашуваат нејзините фанови на социјалните мрежи.






Шпекулациите за новата романса на Ким со репортерот на Ван започнале викендот кога колумнистката на „Њујорк Пост“, Синди Адамс, открила дека добила информација за нивната наводна романса.

Инаку, Ким и Ван се познаваат веќе неколку години. Во 2018 година Ким и Ван со заеднички сили успешно го ослободиле од затвор Алис Џонсон, кој беше помилуван од тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Мегапопуларната старлета, инаку, во февруари годинава по шест години брак поднесе документи за развод од Канје Вест, со кого има четири деца.

Поврзани содржини