1.500 холандски лалиња за здравствените работници во Скопје за националниот празник – Денот на Кралот

401

По повод роденденот на Неговото Височество Кралот Вилем Александар – Денот на Кралот, Амбасадата на Кралството Холандија обезбеди симболичен подарок за Итната медицинска помош, Геронтолошкиот завод и основното училиште „Св. Кирил и Методиј“.

Како што соопштија од Холандската амбасада, повеќе од 1.500 лалиња и 600 книги од холандски автори преведени на македонски и албански јазик беа доставени до здравствените работници, старите лица, наставниците и учениците во овие три јавни институции.






– Поради пандемијата со ковид-19 не бевме во можност да го одбележиме Денот на Кралот оваа година. Наместо тоа, би сакале да покажеме длабока благодарност до здравствените работници и наставниците за извонредниот напор што го вложуваат во овие исклучителни околности. Се надевам дека нашите холандски лалиња барем малку ќе го разубават нивнот ден – изјави вршителот на должност амбасадор Роберт Декер, кој ги предаде подароците на директорката на Итната медицинска помош д-р. Милица Бубало.

Денот на Кралот во Холандија се прославува со многу улични забави, детски игри и пазари на отворено, а Кралот и неговото семејство секоја година патуваат на различно место во Холандија за да го прослават празникот со локалното население.

Оваа година, сите чествувања на Денот на Кралот беа откажани поради ковид-19, а кралот ќе го прослави својот роденден онлајн од Техничкиот кампус во Анјдховен, холандскиот град на дизајнот, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини