Професорот Томе Наумов добил отказ среде испит: Царовска ми рече дека ако сака, може сите да ги избрка
Студентите собираат потписи за да се врати професорот, а тој се обратил и до својата сопартијка Мила Царовска, министерка за образование и наука.
Универзитетскиот професор д-р Томе Наумов, кој е еден од основачите на Високата медицинска школа во Битола и со повеќедецениски работен стаж, на својот роденден на 12 април, за време на испитна сесија, бил шокиран кога во амфитеатарот влегол работник од службите, па пред студентите му соопштил дека повеќе не е вработен и му рекол да ги напушти просториите на Факултетот, објави порталот „Република“.
Во меѓувреме, истиот ден, Деканската управа без да му соопшти, го одјавила во Агенцијата за вработување. Тој бил шокиран, исто како и студентите.
– Надвор од Законот за високо образование сум одјавен во Агенцијата за вработување иако имам само 64 години. Правото на професорот со изјава е да продолжи до 67 години – рече д-р Томе Наумов на прес-конференција.
Студентите собираат потписи за да се врати професорот, а тој се обратил и до својата сопартијка Мила Царовска, министерката за образование и наука.
– Некаде на пат кон Скопје ми рече дека раководителите имаат право да грешат, а другите не. Ако сака, може на цело Министерство да даде отказ – рече Наумов.