Зоки, си копаш дупка и гориш земја

Си копаш дупка и гориш земја околу себе Зоки, ќе останеш сам или со твоите потрчковци од тоа партијата што ја приватизираше.

2,964

Ќе бркаат директор кој не само што ја подобрил институцијата со која раководи, ги намалил трошоците, ја направил поефикасна, туку и ја одбранува од нападите и валканите дилови на политиката и го заштитува интересот на граѓаните и нивните пари.

Да имаше среќа секој функционер вака јавно да ги брани нашите институции. Но, вие сте дури и навредени, а знаете зошто сте навредени, зошто тој под вас не свиткал р’бет и не извршува слепо како што ви е во интерес.






Навредени сте затоа што само потсети на криминалот кој ДУИ десет години го правел, а вие кои ветувавте правда само им го легализиравте криминалот, им ги легализиравте 100 милиони евра пари земени за седење дома и хранење партиски чиновници, па уште и ги наградивте со Министерство почнато од Груевски, а доградено од вас, па уште и со вработувања на оние кои 10 години украле пари.

Си копаш дупка и гориш земја околу себе Зоки, ќе останеш сам или со твоите потрчковци од тоа партијата што ја приватизираше.

Така не се оправа држава, така се доуништува држава.

(Фејсбук статус на авторот, насловот е редакциски)

Поврзани содржини