Денеска има околу 890 заболени, 200.000 кинески вакцини доаѓаат на 28 април

Масовна вакцинација како таа во салата „Борис Трајковски“ се планира уште во шест града во земјава за што ќе се дискутира денеска.

680

Денеска има околу 890 новозаболени, тоа е знак дека опаѓа бројот на граѓани заболени со ковид-19, а се намалува и бројот на хоспитализирани. Ова се знаци дека овој бран стивнува, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој најави дека количината од 200.000 кинески вакцини треба да ја очекуваме околу 28 април.






Денеска почна вакцинацијата на граѓани од 73 и 74 години.

Масовна вакцинација како таа во салата „Борис Трајковски“ се планира уште во шест града во земјава за што ќе се дискутира денеска. Станува збор за градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово.

Филипче рече дека земјава досега нарачала 2 милиони и 600.000 вакцини и дека засега нема потреба да нарачува од вакцините што ќе ги произведува српскиот Институт Торлак.

Поврзани содржини