Американскиот рапер Канје Вест бара заедничко старателство над четирите деца со Ким Кардашијан, која неодамна поднесе барање за развод.
Канjе Вест се согласи на заедничко старателство со Ким Кардашијан над нивните четири деца.
Ким (40) во февруари поднесе барање за развод од 43-годишниот рапер, а судските документи покажуваат дека таа исто така барала заедничко старателство над нивните деца – Норт (7), Саина (5), Чикаго (3) и Псалм (1).
Според таблоидот ТМЗ, она што Канје го бара од Ким во бракоразводната парница не се разликува од желбите на неговата наскоро поранешна сопруга. Како што се испоставило, таа и судот бараат заедничко законско и физичко старателство над нивните четири деца – Норт, Сент, Чикаго и Псалм.
Заедничкото старателство, како што се посочува, не мора да значи договор со 50/50 со 40-годишната ѕвезда на реалното шоу, која многу веројатно ќе стане основен чувар на нивните деца. Понатаму се тврди дека парот подготвува договор што судот потоа ќе го одобри.
Парот не бара брачна поддршка еден од друг, и покрај тоа, Вест сака тие да сносат одговорност за сопствените правни трошоци во бракоразводниот спор.
Пред да ја официјализираат врската со брак, Канје и Ким потпишале предбрачен договор, што влијае и на начинот на кој ќе го поделат својот огромен имот.
Според предбрачниот договор, секој од сопружниците ќе ги чува своите пари. Според поднесокот на Ким, тие го чувале својот имот одвоено во текот на целиот брак, согласно условите на предбрачниот договор.
Двојката беше во брак шест години.