Блумберг: Македонија ќе стекне колективен имунитет за 10 години со вакво темпо на вакцинација

1,394

Со досегашното темпо на вакцинација, Македонија ќе стекне колективен имунитет за 10 години, објави Блумберг.

„Во Македонија, најновите податоци покажуваат дека во просек се дава по 651 доза на ден. Со ова темпо, потребни ќе бидат уште десет години за да се имунизира 75 отсто од популацијата“, пишува Блумберг.






За разлика од кај нас, во соседна Албанија, потребни ќе бидат уште само девет месеци за да се имунизира 75 отсто од населението.

Бугарија со 9.215 дози на ден, ќе се стекне со колективен имунитет за речиси три години од сега.

Во Србија засега просекот на дневно вакцинирање е 62.857 дози, што значи дека за четири месеци веќе ќе бидат имунизирани 75 отсто од луѓето.

Поврзани содржини