Шестмина во притвор за издавање на лажни пасоши

1,157

Притвор во траење од 30 дена им е изречен на шест лица осомничени во случајот „Двојник” за издавање на лажни пасоши,  потврдиле за МИА од Кривичниот суд Скопје.

Ова мерка Судот му ја одредил и на уште едно лице, кое е во бегство, а на тројца осомничени им се изречени мерки на претпазливост.






Со пријавите се опфатени вкупно 11 лица за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини