Хаос пред „Капитол хил“, возило влета во полициски пункт и повреди двајца полицајци (ВИДЕО)

Осомничениот е во притвор. Двајцата полицајци биле повредени. Сите тројца се пренесени во болница - соопшти полицијата.

1,152

Брза помош и хеликоптер пристигнаа веднаш во „Капитол“ по инцидентот кога автомобил влета во полициски пукт и повреди двајца полицајци кои беа пред „Капитол“.

Полицијата во „Капитол“ соопшти дека двајца нејзини полицајци биле повредени кога едно лице влетало со својот автомобил во нивниот пункт.






– Осомничениот е во притвор. Двајцата полицајци биле повредени. Сите тројца се пренесени во болница – соопшти полицијата.

 

Видео од местото на настанот покажува црн автомобил разбиен против една од безбедносните бариери.

 

Инцидентот очигледно се случил на североисточната страна на Капитол, помеѓу главната зграда и канцелариите на Сенатот.

 

Прво беше објавено дека има пукање, а подоцна беше потврдено дека немало пукање, но дека автомобил удрил во двајца полицајци кои биле пред „Капитол“.

Поврзани содржини