Во март отворени речиси еден милиони работни места во САД

Ова е далеку повеќе од 468.000 нови работни места во февруари, пренесува Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека Министерството ја ревидираше бројката за февруари и тоа за речиси 100.000 работни места повеќе во споредба со прелиминарните податоци.

403

Закрепнувањето на американската економија од пандемијата зајакна во март, бидејќи работодавците создадоа 916.000 нови работни места, најмногу од август 2020 година, соопшти денеска Министерството за труд на САД.

Ова е далеку повеќе од 468.000 нови работни места во февруари, пренесува Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека Министерството ја ревидираше бројката за февруари и тоа за речиси 100.000 работни места повеќе во споредба со прелиминарните податоци.






Овој показател е исто така многу подобар отколку што предвидуваа економистите, кои во март очекуваа поскромно зголемување од 647.000 нови работни места.

Некои од секторите кои беа најтешко погодени од рестриктивните мерки за спречување на пандемијата, регистрираа значителен раст на бројот на вработени, вклучително и рестораните и баровите, кои отворија 176 000 работни места.

Благодарение на трендот на раст на вработеноста, стапката на невработеност во март падна на 6,0 проценти од нивото од 6,2 проценти во февруари.

Сепак, иако некои сектори во однос на вработеноста се вратија на нивото пред пандемијата, вкупната американска економија сè уште има 8,4 милиони работни места помалку отколку што имаше пред една година, односно пред појавата на Ковид-19, додава американската телевизија.

Поврзани содржини