Холивудскиот актер Рајан Рејонлдс (44) се вакцинираше против коронавирусот и објави фотографија на Инстаграм. Актерот му остана верен на својот стил и се пошегува во описот на фотографијата.
„Конечно добив 5Г“, се пошегува тој, собирајќи речиси 2 милиона лајкови на фотографијата.
Рејнолдс позирал со розова капа на главата и со заштитна маска додека ја примал вакцината.
„Тоа, многу сум среќен за тебе“, „Но таа капа …“, „Честитки, се надевам дека сега нема да се претвориш во Дедпул“, „Крал“, „Мислев дека Дедпул е бесмртен“, „Сега можеш да станеш издание на Дедпул 5Г“, се шегуваа следбениците во коментарите.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм