Тројца „Мексиканци“ со транспарент го пречекаа Рашковски на аеродромот во Скопје (ФОТО)

Три млади лица, со сомбрера на главите, оптегнаа транспарент на кој пишува „Добредојде господине Рашко“ на шпански јазик.

6,464

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска на скопскиот аеродром го пречека поранешниот генерален секретар Драги Рашковски кој се врати од одморот во Мексико.

Три млади лица, со сомбрера на главите, оптегнаа транспарент на кој пишува „Добредојде господине Рашко“ на шпански јазик.






Поранешниот генерален секретар на Владата замина на одмор во егзотичната прекуокеанска дестинација без разјаснети дилеми околу спорната набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, а јавноста му замери и за тоа што патува на примамливо место за време на пандемија.

Во последната изјава Рашковски рече дека нема да го прекине одморот, односно дека во Мексико останува до 31 март, а правните дилеми околу набавката ги остава на институциите.

Поврзани содржини