Обвинение за уште едно лице за учество во насилните протести за „Монструм“ 

239

Скопското обвинителство поднесе обвинение против едно лице за учество во насилните протести за случајот „Монструм“.

– Обвинетиот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и неидентификувани граѓани, започнале да дејствуваат кон полицискиот кордон на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети. Притоа биле повредени 11 полициски службеници и еден новинар. Во протестите обвинетиот учествувал маскиран, со цел да не се открие неговиот идентитет, велат од  ОЈО.






Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, за кое се уште постои опасност да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.

Поврзани содржини