Мора Хигинс (30), ријалити sвезда од Ирска, ја отстранила шминката во живо во емисијата „Лабави жени“ и тогаш, за неа започнал вистинскиот кошмар.
Таа го сторила тоа за да им даде пример на младите девојки и да им покаже дека никој не изгледа совршено. Мора сакала да испрати порака и да нагласи дека е важно да се покаже природната страна.
– Во моментот се чувствувам како да сум гола. Не ми е пријатно да се појавувам на телевизија без шминка, бидејќи се чувствувам посигурно кога се шминкам. Сепак, ова е важно за помладите генерации. Тие гледаат совршени работи на социјалните мрежи, но имаме глам тимови и филтри – рекла Мора во текот на емитувањето.
Иако била многу природна и во текот на емисијата и потоа, таа почнала да добива многу грди коментари, кои негативно влијаат на нејзината самодоверба.
– Не им одговарам. Моето момче ме прашува зошто ги гледам, зошто го читам та дека изгледам како Мајкл Џексон, но е посилно од мене – вели таа и признава дека нејзиното момче Крис Тејлор ѝ го одзел телефонот за повеќе да не ги чита ужасните коментари.
Ова не е првпат Мора да се појави без шминка, но никогаш порано не добила толку многу лоши коментари. Таа исто така ги поканила сите жени да се фотографираат природни и без филтри.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм