ВО ЕМИСИЈА ЗА ВОНЗЕМЈАНИ ПОКАНИЛЕ УРОЛОГ НАМЕСТО УФОЛОГ!? Урнебесен гаф на аргентинска радиостаница
Тема на емисијата беа неодамна објавените документи од Пентагон и другите амеерикански безбедносни служби за необјаснети и неидентификувани појави на небото.
Организаторите на аргентинската радиостаница „Вортерикс“, која своите емисии често ги пренесува и преку интернет, направија неверојатен гаф кој стана вирален хит во светот. Во емисија за вонземјани по грешка наместо
уфолог, поканиле уролог.
Иако имињата на овие професии се разликуваат во една буква, изразот на лицето на несреќниот лекар уште од самиот почеток покажувал дека нема поим зошто е таму. Збунетоста кулминирала кога водителот на почетокот на емисијата го прашал од каде има толкаво знаење за можниот вонземен живот.
Лекарот тогаш збунето го прекинал и рекол: „Но, јас сум уролог, а не уфолог“, што предизвикало лавина од смеа во студиото.
Кога сфатил што се случило, се насмеал и самиот лекар.
Тема на емисијата беа неодамна објавените документи од Пентагон и другите амеерикански безбедносни служби за необјаснети и неидентификувани појави на небото.
Бидејќи веќе се нашол во студиото, водителите сепак го замолиле да каже што мисли за можното постоење на вонземјани.
„Можеби постои, но не знам“, рекол кратко лекарот.