ПЕНТАГОН ОБЈАВИ НЛО ДОСИЕЈА ПО НАРЕДБА „Сами видете што по ѓаволите се случува!“

Пентагон објави голем дел од досега тајните НЛО документи и видеа. Шефот на САД порача дека Американците конечно сами ќе можат да видат „што, по ѓаволите, се случува“. Новата страница содржи десетици досиеја, фотографии и пријави за мистериозни летала.

1

Пентагон во петокот, 8 мај, објави голем пакет досега невидени документи и видеа за НЛО. Станува збор за најновата серија декласифицирани материјали што со години поттикнуваа теории на заговор во Америка.

Претседателот на САД Доналд Трамп објави порака на Truth Social веднаш по отворањето на досиејата.

„Додека претходните администрации не успеаја да бидат транспарентни по оваа тема, со овие нови документи и видеа, луѓето можат сами да одлучат: „ШТО, ПО ЃАВОЛИТЕ, СЕ СЛУЧУВА?““, напиша Трамп.

Потоа додаде:

„Забавувајте се и уживајте!“

Министерството за одбрана на САД отвори и посебен дел за НЛО на својата веб-страница со десетици досиеја, фотографии и извештаи за неидентификувани воздушни феномени.

На страницата има црно-бели снимки, фотографии и сведоштва за мистериозни летала.

Американски претставници најавија дека ова е само првиот дел од објавувањата.

Обама ја отвори „кутијата“ 

Нов бран шпекулации започна уште кога поранешниот американски претседател Барак Обама во интервју изјави дека вонземјаните се „вистински“.

Подоцна објасни дека мислел на статистичка веројатност за живот во вселената, а не на директен доказ.

Вонземјани или тајна технологија?

Американската влада со години собира податоци за НЛО.

Експертите предупредуваат дека дел од псведочените глеки на НЛО можеби немаат врска со вонземјани.

Можно е да станува збор и за напредни воени технологии на геополитичките ривали на САД.

„Време е луѓето сами да видат“

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет порача дека јавноста заслужува целосна транспарентност.

„Овие досиеја, скриени зад класификации, долго време поттикнуваат оправдани шпекулации и време е американскиот народ самиот да го види тоа“, соопшти Хегсет.

Поврзани содржини