📽️ НОВА ЕСКАЛАЦИЈА ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Американски авион онеспособил ирански танкери
Американската војска објави снимка и соопшти дека борбен авион F/A-18 отворил оган кон два празни танкери со иранско знаме во Оманскиот Залив. Техеран возврати велејќи дека Вашингтон повторно избрал „воена авантура“ наместо дипломатија.
Американски борбен авион од типот F/A-18 Super Hornet денеска отворил оган врз два празни танкери со иранско знаме во Оманскиот Залив. Според Централната команда на американската војкса, танкерите биле запрени пред да влезат во иранско пристаниште.
„Двата брода беа запрени пред да влезат во иранско пристаниште во Оманскиот Залив, со што ќе ја прекршеа моменталната блокада“, соопшти ЦЕНТКОМ.
Американската војска објави и видео од акцијата. Авионот ги погодил оџаците на бродовите.
U.S. Central Command (CENTCOM) has announced that earlier today U.S. forces disabled two vessels, the M/T Sea Star III and M/T Sevda, earlier today in the Gulf of Oman in support of the naval blockade of Iran. pic.twitter.com/i213ms3SSM
— OSINTdefender (@sentdefender) May 8, 2026
Според ЦЕНТКОМ, повеќе комерцијални бродови се онеспособени, а десетици се пренасочени од силите на Командата за да се обезбеди усогласеност.
„Американските воени сили спречуваат повеќе од 70 танкери да влезат или да излезат од иранските пристаништа“.
Според американската војска, станува збор за комерцијални бродови со капацитет за транспорт на повеќе од 166 милиони барели нафта, чија вредност се проценува на повеќе од 13 милијарди американски долари.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, жестоко ги критикуваше САД за неодамнешните ескалации.
– Во секој обид да се постигне дипломатско решение, САД се одлучуваат за неодговорна воена авантура – изјави Арагчи.
Потоа додаде:
– Иранците никогаш не се поклонуваат под притисок.
Иранската агенција Фарс објави дека денеска повторно имало судири меѓу американските бродови и иранските сили во Ормускиот Теснец.
Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати соопштија дека пресретнале две балистички ракети и 3 дронови лансирани од Иран. Три лица биле повредени.
Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран повторно растат и покрај обидите за прекин на огнот.