20-ГОДИШЕН МОТОЦИКЛИСТ ПОЧИНА ПО СУДИР СО „БМВ“ Кривична за возачот на возилото по сообраќајката во Илинден
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 23-годишен возач, по несреќа во која животот го загуби мотоциклист
СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против А.С. (23) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
Несреќата се случила на 28 мај 2026 година околу 23:00 часот на улица „34“ во населбата Илинден, кога дошло до судир помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. (23), и мопед управуван од П.С. (20), двајцата од истата населба.
Во несреќата, 20-годишниот возач на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде и покрај укажаната лекарска помош починал на 1 јуни 2026 година.
По целосно документирање на случајот, против возачот на автомобилот е поднесена кривична пријава, а истрагата ја води надлежното обвинителство.