Несторовски со ново извинување: Ќе ја прифатам секоја одлука што ќе ја донесе селекторот Ангеловски

Критиките ме мотивираат, а личните навреди се нешто сосема друго. Отсекогаш сум бил на располагање на репрезентацијата, така ќе биде и сега, истакна фудбалерот на Удинезе.

771

Сочните пцовки што вчера македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски ги упати кон камерата предизвикаа бурни реакции кај македонската спортска јавност.

Тој уште вечерта се обрати на социјалната мрежа Инстаграм и напиша дека пцовките не биле упатени кон целата македонска јавност, туку само кон три лица кои му се заканувале нему и неговото семејство.






Напаѓачот на калчолигашот Удинезе денеска повторно преку соопштение им се извини на навивачите и рече дека ќе ја прифати секоја одлука што ќе ја донесе селекторот Игор Ангеловски, со оглед на тоа што јавноста бара негово исклучување од репрезентацијата.

„Секако, се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста. Не се упатени нa јавноста, но како што веќе реков, на одредени луѓе. Не го направив тоа под притисок од публиката или од резултатот, туку го направив со студена глава. За мене, Македонија е над сè! Јас гордо ја носев лентата како Македонец во Хрватска и Италија, и сите знаете што значи тоа! И секаде ја претставував Македонија најдобро што можам, бидејќи тие не ја даваат лентата како странец лесно! Како може некој тогаш да помисли дека им се обраќам на сите критичари додека ја имам лентата во тој момент! Беше за поединци. A со критикиte сум навикнат да се носам уште од почетокот на мојата кариера. Критиките ме мотивираат, а личните навреди се нешто сосема друго! Отсекогаш сум бил на располагање на репрезентацијата, така ќе биде и сега! Кога резултатите не беа најдобри, менував 4 авиони од Сицилија за да бидам дел од едно едно вакво семејство! Секогаш ќе биде така, и каква одлука и да донесе селекторот, секако дека ќе ja прифатам! Уште едно извинување, и напред Македонија“, стои во обраќањето на Несторовски.

Селекторот Игор Ангеловски сега е на потег да пресече и да донесе одлука дали во составот ќе го задржи напаѓачот на Удинезе.

Македонија дуелот против Германија го игра в среда, на арената во Дуисбург.

Поврзани содржини