Димовски: Луѓе си ги немаат видено внуците, пола Европа го одложи пописот, а власта му се заканува на народот!

Во ден кога имаме 16.000 активни случаи на корона, тоа значи дека близу 60 илјади луѓе законски не смеат да бидат попишани, како ќе ги попишуваме овие луѓе, како ќе ги пошуваме оние луѓе кои се на кислородна поддршка, а се борат за секој здив , а ние толкуваме како да ги казнуваме овие луѓе - рече Димовски.

929

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вечерва во Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“, му укажа на директорот на ДЗС Апостол Симовски дека во ден со над 16.000 активни сличаи на ковид се заканува со кривично гонење на народот.

– Луѓе не си ги виделе внуците, пола Европа го одложила пописот, ама кај нас власта се заканува наместо да го заштити здравјето на граѓаните. Оваа власт има отсуство на реалност луѓе си ги немаат видено внуците, во ден кога имаме 16.000 активни случаи на корона, тоа значи дека близу 60 илјади луѓе законски не смеат да бидат попишани, како ќе ги попишуваме овие луѓе, како ќе ги пошуваме оние луѓе кои се на кислородна поддршка, а се борат за секој здив , а ние толкуваме како да ги казнуваме овие луѓе – рече Димовски.






Отсуство на реалност, е вели Димовски затоа што пола Европска унија и соседните земји, какои земји кои веќе ја победија короната со 100% вакцинација како Израел, властите тука наместо одложување на пописот, се закануваат со казнување.

– Кој ќе отиде да им тропне на врата на оние семества кои загубиле некој близок, а има градови каде има по 200 до 300 смртни случаи веќе, кој ќе ја сноси одговорноста ако имаме барем еден смртен случај заради пописот? –го праша Илија Димовски, директорот на ДЗС Апостол Симовски.

Поврзани содржини