Ковачки за Шекеринска: Има направено прекршоци за затворска казна, но институциите молчат

Сите ние како граѓани имаме право и должност да критикуваме за да можеме преку критика да дојдеме до подобро утре за нашите граѓани, за институциите коишто се раководат, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во радио „Лидер“.

548

Јас цело време ги критикувам политиките и тоа добронамерно ги критикувам политиките и кршењето на законите од страна на раководството, и на Министерството за одбрана, меѓутоа и на Владата и на претседателот, а тоа се јавни личности кои што се избрани на непосредни избори и тие се подложни на критика. Сите ние како граѓани имаме право и должност да критикуваме за да можеме преку критика да дојдеме до подобро утре за нашите граѓани, за институциите коишто се раководат, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во радио „Лидер“.

Ковачки додаде дека тој уште минатата година потенцирал дека министерот за одбрана имал објава на социјалните мрежи со класифицирана мапа, а таа објава сè уште стои. Со таа објава, вели тој, министерот за одбрана има прекршено закон, а институциите молчат наместо да казнат.






– Таа објава со таа класифицирана мапа за личен интерес пропаганден, министерката за одбрана таа информација ја споделува во јавноста. Имате во месец јули каде што излегоа класифицирани снимки од безбедносни камери од структурата на воената служба за безбедност и разузнавање којашто е директно под министерот за одбрана. Се сеќавате пред предизборието кога се појавија тие снимки на еден од порталите и сè уште стојат на YouTube. И за тоа исто така не е поведена постапка, барем јас не знам. За тоа ако имало поведена постапка, таа ќе требало да заврши со одредена санкција, или одредена казна. Меѓутоа внимавајте казните се затворски за таа работа, така што можеме да видиме дека такво нешто сè уште нема – рече Ковачки.

Поврзани содржини