Дроновите на сопругот на Царовска ќе ги снимаат шумските растенија во Скопска котлина за Град Скопје

Фирмата „Флај кем“склучи договор за оваа операција со Град Скопје во вредност од  над 1.000.000 денари или 16.250 евра со вклучен ДДВ.

2,626

Фирмата на сопругот на министерката за образование Мила Царовска „Флај кем“  ќе ги набљудува од дрон шумите во скопската котлина за рана детекција на растителни болести. Фирмата склучи договор за оваа операција со Град Скопје во вредност од  над 1.000.000 денари или 16.250 евра со вклучен ДДВ.

Според договорот кој  ќе трае една година фирмата ќе треба да изврши 3Д мапирање на теренот со мултипектрална камера за набљудување на вегетацијата.






Во договорот кој е објавен на страната на јавни набавки,  е утврдена поединечната цена за снимање на шумите на Скопје за еден квадратен километар од 82.600 денари.

Град Скопје пак има обврска да ѝ обезбеди на компанијата соодветен лиценциран софтвер  во кој ќе се прават премерите на теренот.

Поврзани содржини