„Кожувчанка“ во нова стаклена амбалажа

709

„Кожувчанка“ ДОО Кавадарци е компанија која секогаш напредува заедно со своите производи. Отсекогаш во тренд со случувањата, целта на „Кожувчанка“ ДОО е да се постигне најдобриот квалитет користејќи ги сите предности во технологијата, сѐ со цел потрошувачот да го добие најдобриот производ на пазарот, информираат од компанијата.

– Овој пат, природната минерална вода „Кожувчанка“ ја надградивме во изгледот и квалитетот на стаклената амбалажа и ви ја претставуваме во литражи од 0.75L и 0.33L. Сега, „Кожувчанка“ доби целосен изглед, заедно со останатите PET амбалажи на пазарот, и од оваа година е комплетна во својот асортиман – велат од маркетинг секторот на „Кожувчанка“.






Од таму додаваат дека се надеваат дека ситуацијата ќе биде значително подобра во наредниот период и угостителските објекти ќе се вратат наскоро во полна функција, па очекуваат „Кожувчанка“ во стакло да ја гледаме застапена на секоја маса.

Поврзани содржини