Претпладне сончево, попладне можен дожд, на планините снег

Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до -1,а  дневната ќе достигне до 14 степени.  

221

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб локален дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 3, а дневната од 10 до 18 степени.






Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до -1,а  дневната ќе достигне до 14 степени.

Под влијание на влажен бран во недела кон крајот на денот на запад ќе има повремен дожд, на планините снег. Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони ќе бидат пообилни и појава на снег ќе има понекаде и на повисоките места. Во понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), а дневните температури во понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени.

Поврзани содржини