ВМРО-ДПМНЕ: Од МИ 6 до температура 40 степени, какви се глупости ќе смисли Заев за да го покрие срамот?!

2,268

Од МИ 6 до температура 40 степени, какви се глупости ќе смисли Заев за да го покрие срамот дека се уште нема вакцини, реагира ВМРО-ДПМНЕ по гостувањето на премиерот Зоран Заев на Сител.

– Ништо не го пере Заев од одговорноста дека Македонија нема вакцини. Официјален орган задолжен за здравство е Министерството за здравство и комуникацијата треба да се одвива стриктно со производителите. Кој е Заев да се слуша со тајна служби за вакцини, и како тие ќе му помогнат. Македонија има институции кои треба да набават вакцини. Што прави Филипче додека Заев разговара со службите – прашува ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата додаваат дека илјадници луѓе починаа, а нивните животи ќе беа спасени, доколку Заев навреме набавеше вакцини.

– Му води ли некој на Заев евиденција какви комуникацик остварува или пак сме жртва како земја на неговата неспособност или можеби разговори со пранкери. Заев, колку си сигурен дека се разговарал со тајни служби, а не со некој пранкери? Заев, да не си наседнат пак од некој деца? Заев овој пат ја претера. Македонија умира заради тебе – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини