Гаши: Не е вистина дека двајца наши пратеници ќе се приклучат на мнозинството, ние сме супер сложни

Има доста шпекулации последниот период дека имало преговори со Заев за Алтернатива да биде дел од Владата. Еве кажувам ексклузивно дека немало никакви преговори и разговори со СДСМ.

672

Наши пратеници нема да преминат во владиното мнозинство, ниту пак имало преговори со СДСМ, рече лидерот на Алтернатива Африм Гаши во гостување во емисијата  „Клик Плус“ на ТВ21.

– Има доста шпекулации последниот период дека имало преговори со Заев за Алтернатива да биде дел од Владата. Еве кажувам ексклузивно дека немало никакви преговори и разговори со СДСМ. Нема ниту вистина во тоа што го најавува Билал Касами од Беса дека двајца наши пратеници ќе се приклучат кон мнозинството. Ве уверувам дека ние сме супер сложни и така ќе останеме. Засега нема разговори за зголемување на владиното мнозинство – изјави Гаши.






Тој рече и  дека Владата е во сериозна криза и тешко ќе продолжи да функционира.

– Со Заев сме разговарале неколку години наназад за соработка. Имавме соработка пред една година. Ние како опозиција неколку пати кажуваме дека Владата е во сериозна криза, во секоја смисла на зборот. Има криза со пандемијата, неспособна е Владата да донесе вакцини, има сериозни потфрлања во економијата и ред други работи – рече Гаши.

Тој додава дека Заев барал да се приклучат кон владиното мнозинство.

Поврзани содржини