Досега во преговорите со Република Бугарија не е разговарано бугарската етничка заедница да биде вметната во нашиот Устав и нема такво барање од бугарските власти, велат од Владата за „Независен“, по изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Од Владата истакнуваат дека Северна Македонија е граѓанска држава и нашиот Устав ги гарантира правата на сите граѓани без оглед на нивната етничка припадност.
Владата нагласува дека етничката разноликост е тоа што ја прави земјава препознатлива во светот и со што треба сите да се гордееме. Владата секогаш ќе презема проактивни активности кои се во функција на јакнење на правата на секој поединец или група.