Филипче уверува дека граѓаните од овој месец ќе почнат да се вакцинираат
Може да се случи фајзеровата вакцина којашто ќе доаѓа на крајот на годината едноставно да не биде истата со таа што е сега, зошто таа можеби ќе биде ефикасна на некој друг сој што тогаш ќе биде актуелен, вели министерот за здравство.
Во текот на овој месец сигурно ќе почне имунизацијата на населението, заради тоа што очекуваме, според најавите, една одредена количина преку Ковакс системот и ги очекуваме руските вакцини, имаме иницијална најава од денешните состаноци, дека тоа може да се случи викендов веќе в недела, но повторно ќе кажам, сега имаме искуство, сите земји имаат искуство, сите се соочија со тоа, тоа што иницијално им беше ветено и укажано од компаниите едноставно да не се случи, нагласи вечерва министерот за здравство Венко Филипче во интервју на МРТ.
Тој посочи дека потребно е 60-70 проценти од населението да се вакцинира за да се постигне колективен имунитет.
Владата од самиот почеток ги користи сите механизми за набавка на вакцини против ковид-19, не постојат никакви пропусти во административните процедури од наша страна, ги користиме сите можности за набавка на вакцини, истакна министерот за здравствоВенко Филипче во вечерашната емисија „И што сега“ на МРТВ.
Министерот рече дека набваката на вакцини во цел свет оди тешко, околу 120 земји воопшто не почнале вакцинација, во светски рамки постојано се менуваат плановите за достава на вакцини. Филипче посочи дека состојбата е толку неизвесна и толку флуидна што секој ден имаме нови информации, променети рокови или количини и тоа е така секаде во светот.
– За вакцни се бори целиот свет, за што поголеми количини на вакцини, а секаде ги нема доволно. Ги нема кај производителите кои први ги завршија клиничките студии, нема доволно количини и кај оние кои нешто покасно ги завршија клиничките студии. Ние пред неколку недели ја добивме првата количина на вакцини со трипартитен договор помеѓу нас, Србија и компанија Фајзер стигнаа 8000 вакцнини за кои направивме еден сосема солиден план, а тоа е да се покријат буквално сите здрасвтвени работници кои се на првата линија и имаат најголем ризик да бидат заболени од ковид-19. Во нашата земја на крајот од викендов ќе имаме околу 4000 вакцинирани здравствени работници, а од 11 март започнува и ревакцинацијата на здравствените работници кои ја примија првата доза на вакцината – рече Филипче.
Министерот за здравство во однос на тоа каква ќе биде ефикасноста на вакцините за новите соеви на корона вирусот, рече дека сега комапниите анализирааат и гледаат и оти нема потврда со сигурност каква ќе биде ефикасноста на вакцините за новите соеви.
– Затоа кога вака во квартали ги добиваме вакцините можно е да се случи производителите да ги сменат платформите на коишто се произведуваат вакцините, за да бидат ефикасни на потенцијалните нови соеви коишто би можеле да стигнат понатаму во текот на годината и затоа е развиен овој систем вака затоа што може да се случи фајзеровата вакцина којашто ќе доаѓа на крајот на годината едноставно да не биде истата со таа што е сега, зошто таа можеби ќе биде ефикасна на некој друг сој што тогаш ќе биде актуелен, не само кај нас, ова важи за буквално секоја земја во светот – рече Филипче.