МАНУ детектираше британски сој на ковид-19 кај еден од пациентите кои патувале во Занзибар
Мажот се лекува во одделението за нефрологија во Струшката болница, а жената во Скопје.
Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2.
– Во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет кој исто така патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран – се вели во соопштението од МЗ.
Инаку како што објавивме претходно, битолчанец и неговата сопруга кои патувале во Занзибар, Африка, биле позитивни на ковид-19. Двајцата веќе се сместени во болница. Мажот се лекува во одделението за нефрологија во Струшката болница, а жената во Скопје.
Според информациите што ги објавија медиумите, тие симптомите на вирусот ги пројавиле два дена пред враќањето во земјава.
Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, додаваат оттаму, согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на ковид-19 вирусот.
Оттаму апелираат граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца.