Бугарската национална телевизија БНТ4 почна да се прикажува во Македонија
БНТ4 можете да ја гледате на МаксТВ, канал 74.
Стартуваше Бугарската национална телевизија БНТ4 на МаксТВ на македонски Телеком, се пофали на социјалните мрежи специјалниот претставник за спорот со Бугарија, Владо Бучковски.
„Благодарност за поддршката на АВМУ, пред сè на Трајчевски, како и до Љушев и Станчев од Телеком“, напиша Бучковски под фотографијата на која се гледа содржина од оваа телевизија.
БНТ4 можете да ја гледате на МаксТВ, канал 74.