Буфон откри кога ќе замине во пензија
Буфон оваа сезона одигра пет натпревари во Италијанскиот фудбалски шампионат, од кои на три не прими гол.
Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон објави дека најмногу што ќе остане активен на терените е до 2023 година.
– Го имам зацртано во мојата глава, максимумот. После тоа, дефинитивно нема да играм. Се работи за јуни 2023 година. Ова е максимум, вистински максимум. Но, можам да ја завршам кариерата за четири месеци – соопшти 43-годишниот голман.
Буфон оваа сезона одигра пет натпревари во Италијанскиот фудбалски шампионат, од кои на три не прими гол.