Хиларија Болдвин ги шокираше сите со новата фотографија: 5 месеци по породувањето, парот доби уште едно дете ФОТО

621

Холивудскиот актер Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија имаат 6 деца – 5 заеднички, додека актерот ја има и ќерката Ајрленд од првиот брак со Ким Бесинџер.

Затоа, следбениците на Хиларија останале збунети кога таа објавила фотографија со новороденчето и другите пет деца: петмесечниот Едуардо, двегодишниот Ромео Алехандро Дејвид, четиригодишниот Леонардо Ангел Чарлс, петгодишниот Рафаел Томас и седумгодишната Кармен Габриела.






Меѓутоа, на фотографијата се наоѓа уште едно новороденче и краток опис под истата со бројот седум.

„Сè уште нема изјава ниту потврдуваме било што и сè останува на она што таа го објавила“, вели портпаролот на парот за „Пејџ сикс“, но како што дознаваат од извори, станува збор за нивното шесто дете.

Изненадените следбеници на Инстаграм се прашуваат дали станува збор за сурогат мајка или парот посвоил дете.

Хиларија во ноември за списанието „Пипл“ изјави дека е задоволна со 5 деца, дека е моментално многу уморна и дека пандемијата на коронавирусот ѝ создава „лудило“.

Во 2019 година, таа доживеа два спонтани абортуси, а по раѓањето на Едуардо минатата година изјави дека „можеби ќе има уште деца“, но не спомeнала ништо повеќе.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини