Познатиот канадски музичар Дејвид Фостер на 71–годишна возраст стана татко по шести пат.
Неговата 35 години помлада сопруга, актерката Кетрин Мекфи (36) го родила своето прво, а на Дејвид шесто, здраво дете.
Породувањето поминало во најдобар ред, а и мајката и бебето одлично се чувствуваат. На Фостер ова му е прв син – има пет ќерки од претходните бракови, а најинтригантен е фактот дека неговите четири ќерки се постари од неговата сегашна сопруга. Најмладата негова ќерка е две години помлада од Кетрин.
Дејвид и Кетрин се венчаа во Лондон во 2019 година, после две години романтична врска, а таа јавно зборувала дека тој е мажот на нејзиниот живот, и покрај големата разлика во години.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм