ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ собира платена војска за да направи партиски попис

Веќе нема криење. СДСМ го приватизираше пописот. После вчерашниот дебакл власта мора да го одложи пописот. Од партиски попис државата нема да има никаква полза. Одлагање на пописот веднаш, се вели во соопштението на опозицијата.

638

Скандалозно е што СДСМ собира партиски војници за државен попис, пописот веќе е компромитиран, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Во која држава владејачката партија собира партиски членови за државен попис? Тоа е суштината, тие собираат платена војска која треба да направи фингиран попис. Ако било за општествено ангажирање на СДСМ, зошто тогаш тој оглас не го споделија општествено одговорни фирми и компании, туку само СДСМ? Затоа што го приватизираа процесот. СДСМ објави па избриша, па повторно објави на својата Фејсбук страница оглас за попишувачи. СДСМ го политизира пописот во целост. Со вчерашната активност СДСМ му даде целосно партиски печат на пописот. Власта од вчера од пописот официјално направи партиска приватна забава, а не статистичка операција од витално значење за државата. СДСМ прво објави оглас за попишувачи на Фејсбук страниците на своите локални ограноци, но откако ВМРО-ДПМНЕ и јавноста бурно реагираа, тие ги избришаа огласите, за по некое време свесни дека нема да им помине бришење од официјалната Фејсбук страна на СДСМ да го објават огласот со наратив на кој никој не верува. Заев нема капацитет за да изведе една работа во корист на државата и на сè лепи партиска етикета. СДСМ никогаш не го гледале пописот како статистичка државна операција, туку алатка за коалиционо пазарење. Веќе нема криење. СДСМ го приватизираше пописот. После вчерашниот дебакл власта мора да го одложи пописот. Од партиски попис државата нема да има никаква полза. Одлагање на пописот веднаш“, се вели во соопштението на опозицијата.

Поврзани содржини