Холивудските диви се колнат во него и го користат секој ден: Ова магично масло сите го имаме дома, а прави чуда за убавината! ФОТО
Легендарната актерка Софија Лорен, која оваа година навршува 87 години, никогаш не се подложила на пластична операција или вбризгување ботокс.
Постои извор на младоста, а тој е составен од вашиот ум, таленти и креативност што ги внесувате во вашиот живот и во животот на луѓето што ги сакате.
Меѓутоа, она што со овој талент и креативност ѝ помогнало да изгледа младолико целиот живот било маслиновото масло.
– Кога ќе научите да пиете вода од тој извор, бидете сигурни дека ќе го победите стареењето – рече таа во една прилика – изјавила италијанската дива во една прилика.
– Јас сум голем љубител на органско, девствено маслиново масло. Јас го користам секој ден во исхраната, но и за нега на кожата, поточно како хидратантен дневен крем, наместо ноќен крем и млеко за тело. Тоа е богато со антиоксиданти, особено со витамин Е, кој го забавува процесот на формирање брчки. Маслиновото масло е тајната на мојата убавина – изјавила познатата актерка од Неапол, која важи за една од најубавите жени во светот.
Во состојката која сите ја имаме дома се колне и музичката дива Џенифер Лопез (51), a нејзината кожа изгледа сè посјајна и поеластична. Ниту таа никогаш не користела ботокс, а за маслиновото масло има само пофални зборови.
– Пробав сè, и козметика од аптеки и најскапи кремови на светот, но секогаш се враќам на тајните што ми ги откри мајка ми кога бев млада. Маслиновото масло е лек за кожата, косата, ноктите… Тоа е магична состојка од природата. И навистина, тоа ѝ дава на мојата кожа магичен сјај – рекла Џеј Ло.