СДСМ: Очајниот Мицкоски собира потписи, но тие нема да го одложат пописот

Оттаму додаваат дека овој потег на Мицкоски е само за внатрепартиска употреба и за исполнување на сопствени хирови.

531

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со својата деструктивна и крајно неодговорна политика да работи против граѓаните и против државата, тврдат во соопштение од владејачката СДСМ.

– Во време кога државата, по речиси 20 години се подготвува за попис на населението, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски се обидува да ја закочи и саботира оваа статистичка операција. Иницијативата за собирање партиски потписи против Законот за попис нема да го спречат овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата – велат од СДСМ.






Оттаму додаваат дека овој потег на Мицкоски е само за внатрепартиска употреба и за исполнување на сопствени хирови.

– Пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди и конечно, како држава ќе имаме целосни, прецизни и релевантни податоци кои ќе послужат за креирање на издржани долгорочни политики за развој – велат од владејачката партија.

Поврзани содржини