Обвинителката Ристоска за прислушувањето: Ќе беше добро да беше сценарио за филм, за жал ова е реалност

687

Во Кривичниот суд во Скопје обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов денеска ги даваат завршните зборови за случајот „Таргет тврдина“ за незаконското прислушување во УБК.

Обвинителката Ристоска презентираше како се одвивало извлекување на материјалите кои се изнесени од МВР.






Таа меѓу другото, во завршните зборови зборуваше и за сведоците кога биле испрашувани во МВР, откако признале дека тие ги изнесувале материјалите.

– Ќе беше добро ова да беше сценарио за филм, но за жал ова е реалност – рече Ристоска, појаснувајќи како се одвивало прислушкувањето преку трите системи во МВР.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1. 541 број или вкупно 5 827 телефонски броеви.

Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Поврзани содржини