Тирол под опсада од полицијата и војската, излез и влез само со негативен тест
Станува збор, како што се наведува, за новото жариште на овој вид на вирус во Европската унија, предупредува австриската влада.
На административните граници на австриската провинција Тирол во моментов 1.200 полицајци и војници ги контролираат мерките за ограничување на движењето, со цел да се спречи ширењето на новиот јужноафрикански вид на коронавирусот во другите делови на земјата. Во спротивно, кој сака да ја напушти оваа покраина, мора да достави негативен тест.
Според словенечкиот портал „24ур“, повеќе од 400 примероци на јужноафриканскиот вид на ковид-19 се потврдени во Тирол.
Станува збор, како што се наведува, за новото жариште на овој вид на вирус во Европската унија, предупредува австриската влада.
Од денес е можно да се напушти оваа австриска покраина само со негативен тест за новиот вирус, а властите воспоставија 44 контролни пунктови на патиштата, аеродромите и железниците.
Во некои точки, воспоставени се центри за тестирање каде патниците можат да завршат брза проверка. Овие правила не се однесуваат на децата, возачите на камиони и оние кои транзитираат.
Овие мерки ќе важат 10 дена.