Филипче: Постојат два механизма за вакцинација, матичните лекари се вклучени во процесот

На прашањето зошто матичните лакари се вклучени во системот, Филипче рече дека во крајниот повик треба да се направи разговор со мини анамнеза за моменталната здравствена состојба на пациентот, а тоа мора да биде од страна на матичниот лекар.

336

Министерот за здравство, Венко Филипче, во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, се осврна на начините за регистрација за вакцинирање и појасни дека има два механизми за вакцинација.

– Првиот механизам е преку матичниот лекар кој ја испитува волјата. Вториот е сајтот кој со внесување на матичниот број на граѓанинот го наоѓа неговото електронско досие во системот Мој Термин според алгоритмот на возраст, хронични болести итн. Ја дава приоритизацијата на граѓаните за вакцинација и ги известува матичните лекари за да го известат граѓанинот. Близу 70 отсто од здравствените работници изразиле интерес за вакцинација и тие ќе бидат први за вакцинација. Понатаму лицата над 70 години. Со мечирање на хроничните болести се прави список за известување кон матичните лекари, понатаму матичните лекари треба да ги известат своите пациенти и да ги прашаат дали сакаат да се вакцинираат и тој податок да се внесе во Мој Термин. Имав средба со претседателката на матичните лекари која укажа дека има матични лекари кои имаат многу прикрепени пациенти, но и такви кои имаат помалку. Сепак искажа подготвеност да им укаже на колегите дека нивната улога во процесот е многу важна – потенцираше Филипче.






Тој констатираше дека матичните лекари во еден дел имаат и административна работа.

– Тоа беше причина зошто уште на почеток, пред кризата се зголеми капитациониот бод, што е сериозно финансиско зголемување. Почнавме и една реформа која, за жал, запре поради ковид кризата, а со цел матичните лекари да можат да дадат екстра услуги. Целта беше да се вработи евентуално уште еден административен работник, за да матичните лекари целосно и многу повеќе се посветат на своите пациенти – рече Филипче.

На прашањето зошто матичните лакари се вклучени во системот, Филипче рече дека сепак во крајниот повик, треба да се направи разговор со мини анамнеза за моменталната здравствена состојба на пациентот, а тоа мора да биде од страна на матичниот лекар.

Поврзани содржини