Филипче: Над 8.000 се пријавени за вакцинација за само неколку часа

433

За само неколку часа има повеќе од 8.000 регистрирани граѓани. Преку пополнување на апликација искажувате интерес за вакцинација против ковид-19, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

– Сите апликации ќе бидат внесени во системот Мој Термин и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале – вели  Филипче.






Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата.

Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години. Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија.

– Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација во нашата земја. Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против коронавирусот – додава Филипче на Фејсбук.

Поврзани содржини