Ако сам не се каже, ВМРО-ДПМНЕ утре ќе открие кој друг министер освен Спасовски нема НАТО сертификат

Дали Спасовски е во процедура на чекање сертификат и истиот не го добил поради големиот број коруптивни афери во Македонија од кои ниту една не е решена и поради неговата потенцијална вмешаност во истите, праша пратеникот од ВМРО-ДПМЕН Бране Петрушевски.

7,487

Дали покрај Оливер Спасовски, уште еден министер од владата нема НАТО сертификат, праша денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Тој остави 24 часа, министерот сам да излезе во јавноста и да ги наведе причините зошто нема сертификат, или, како што рече, утре ВМРО-ДПМЕ на прес конференција ќе го објави.






– Ова е огромен скандал. Ова е потврда дека НАТО не сака да си има работа со лица и функционери за кои има сомнежи за корупција и криминал – додаде Петрушевски.

Тој се повика на изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дека нема сѐ уште НАТО безбедносен сертификат.

– Дали Спасовски нема сертификат поради бројните сомнежи за корупција? Дали Спасовски, како што и сам кажа е во процедура на чекање за сертификат и истиот не го добил поради големиот број коруптивни афери во Македонија од кои ниту една не е решена и неговата потенцијална вмешаност во истите?! Дали НАТО знае нешто за Спасовски што е проблем тој да добие НАТО сертификат – праша Петрушевски.

Тој потсетува дека Спасовски беше министер за внатрешни работи кога се случи најголемата рекетарска афера во Македонија, случајот „Рекет“, каде осудениот за рекет кажа дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев. Спасовски е министер во МВР, кога целата јавност виде како Ден Дончев става туциња пари во ташна. Спасовски е на чело на МВР и за време на „ШИК Јелак“, „Еуростандард“ и други бројни афери, од кои ниту една не е расчистена.

Поврзани содржини