Израел и Грција се договориле дека нивните државјани кои примиле вакцина против коронавирусот да можат слободно да патуваат во тие две земји.
– Мораме да ги олесниме патувањата на тие кои ќе дадат доказ за вакцинација и тоа ќе го направиме со Израел, кој е далеку пред нас што се однесува до имунизацијата – вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во заедничката изјава со израелскиот колега Бенјамин Нетањаху, пренесува Индекс.
Договорот на израелските туристи ќе им овозможи да патуваат во Грција без , ограничувања и без каратин, додал Нетањаху.
Израел вчера почна да излегува од третиот карантин кој го воведе во декември, но не ги укина ограничувањата на меѓународните летови кои се суспендирани до 20 февруари.„Зелениот пасош“ ќе се воведе „ когаќе се укинат ограничувањата за патувањата“, вели претседателот на израелската влада.
По заедничката изјава министрите за туризам на двете земји потпишале билатерален договор.