Селами го демантира Симовски – етничката и верската припадност на печалбарите можат да ја соопштат роднините

Не знам што сакал да каже директорот и најдобро е него да го прашате. Но, знам дека тоа што го кажа е грешка. Како прво, такво нешто не е предвидено ни со закон, ни со методологијата, изјави заменик-директорот на Заводот за статистика, Иљми Селмани.

5,473

Ако самиот не си присутен кога ќе се врши пописот на населението, роднините нема да можат да ја попишат твојата етничка и верска припадност, независно дали живееш во Македонија или надвор од Македонија. Ова објаснување го даде завчера директорот на Завод за статистика, Апостол Симовски, зборувајќи за пописот на оние кои живеат надвор од земјава, а не можат да се попишат онлајн.

Најдоброто решение, рече понатаму Симовски, е Заводот за статистика самиот да ги контактира овие луѓе и тие да дадат изјава за нивната припадност. Ваквите тврдења на првиот човек на Завод за статистика предизвикаа реакции во јавноста.






Но, заменик директорот на Заводот за статистика, Иљми Селами, во изјава за ТВ21 вели дека Симовски греши.

– Не знам што сакал да каже директорот и најдобро е него да го прашате. Но, знам дека тоа што го кажа е грешка. Како прво, такво нешто не е предвидено ни со закон, ни со методологијата. Законската одредба е општа и вели дека ќе даде податоци коишто се однесуваат на лицата коишто се надвор од земјава – вели Селами.

Доколку се случи тоа што го кажа директорот Симовски, албанската опозиција најавува иницијатива за спречување.

Поврзани содржини