Стигна втората доза од кафе, кој сака нека честита. Сè оди според планот на расонување.
***
Добро утро хибридни демократи…
***
Утрово инбоксот ми беше полн со пораки од блиски пријатели и роднини од Никарагва, сите со една порака – да пренесам апел до властите да ги тргнат македонските санкции кон нивната земја.
Според кажувањата, после санкциите состојбата таму е траурна, полиците во рафтовите празни без наши производи, а тешко ги погоди и тоа што не извезуваме нафта па земјата е парализирана. Затоа овој апел кон владата – тргнете ги санкциите кон Никарагва!
***
“Наместо премиерот и претседателот, на гробот на Гоце Делчев цвеќе положи заменик министерот за локална самоуправа”
Догодина на Маре од кадрово братучетка и шо има цвеќара пуштете ја.
***
“Не може да се направи прецизен план за вакцинирање” – Меркел
Уживај, ќе ви дајме нашиот да го препишите.
***
“Првите вакцини од ковакс за Македонија во март”
Убо февруари шо краток месец…
***
Српски корен за вакцинирање е новото бугарски пасош за работа во Германија…
***
“Продавам два фрижидери за длабоко, ко нови” – Владата
***
Во Битола на локалните ќе победи тој шо ќе излези со слоган “Од Битола ќе напрам Прилеп”, реално…
***
Во ист ден се одложува пописот и Џеф Безос се повлекува од директор на Амазон. Случајност? Не би рекол.
***
А сега ако дозволи НАТО и САД, полека, полека да легнуваме.
(Фејсбук статуси на авторот)