Шест луѓе од кои пет деца се убиени со огнено оружје во американската сојузна држава Оклахома.
Полицијата осомничила вооружен маж за покољот, јавува УСА Тудеј.
Полицијата дојавата за нападот ја добила во 1.30 часот по полноќ откако во куќа се слушнале пукотници. Полицијата на самото место нашла лице вооружено со пиштол, при што еден полицаец пукал на осомничениот, но не го погодил. Осомничениот потоа избегал од местото на злосторството, но набрзо е уапсен. Полицајците на местото на пукањето нашле тела на четири деца и еден маж, а уште едно дете подоцна починало од здобиените повреди во болница во градот Тулси.
Во болница завршила и една жена, која има повреди опасни по живот, објавила полицијата.