Следната голема криза после коронавирусот ќе биде глобален сајбер напад!

Глобалната сајбер криза може да предизвика комплетен блекаут, гасење на интернетот, гасење на електричната енергија, гасење на сите сервиси кои се базираат на електрично напојување, водовод, гас, греење...

3,600
После биолошката криза која продуцираше комплетен локдаун и деградирање на економиите (коронавирус кризата која се уште трае и нема намера да заврши), мислам дека следната голема криза која ќе се случи во блиска иднина ќе биде во основа сајбер криза, иницирана од глобален сајбер напад кој ќе продуцира комплетен блекаут, гасење на интернетот, гасење на електричната енергија, гасење на сите сервиси кои се базираат на електрично напојување, водовод, гас, греење. Гасење и компромитирање на подолг рок и инстантно рушење на економиите.





Прашање е само на време кога тој меур што самите го создадовме ќе ни експлодира во лице. Целокупната контрола на сите системи е преку компјутери кои се дел од интранет, односно интернет мрежата достапна од секое место на планетата. Пробивот на тие системи ќе значи деградирање на животот што го познаваме и комплетен хаос.
Хакерските групи глобално стануваат сè помоќни и поспособни, се окрупнуваат, ресурсите за моќен сајбер напад стануваат сè поевтини и подостапни, а малициозните софтвери сė пософистицирани. Тоа им е јасно веќе на сите упатени во ИКТ случувањата, прашање е само на време кога ќе се случи.
Некој напреден наследник на Стакснет кој можеби баш во моментов некаде се кодира, пуштен во мрежата ќе ни го изгаси светлото и ќе нė врати во 19 век.
(ФБ статус на авторот)
Поврзани содржини