📽️ 📷 „БЕШЕ МАГИЧНО“ – ЈЕЛЕНА ДОКИЌ ЈА НАПУШТИ МАКЕДОНИЈА Поранешната тенисерка испрати силна порака по престојот со Македонецот Јане

Поранешната тениска ѕвезда Јелена Докиќ си замина од Македонија по престојот со партнерот Јане Веселинов, Македонец кој живее во Мелбурн. Таа испрати емотивна порака: „Беше магично“.

230

Поранешната светска тениска ѕвезда Јелена Докиќ го заврши престојот во Македонија и си замина од земјава, но зад себе остави емотивна порака за моментите поминати тука.

Докиќ неколку денови уживаше во убавините на Македонија заедно со својот партнер Јане Веселинов, Македонец кој живее и работи во Мелбурн, каде е успешен менаџер во угостителскиот сектор.

 






Двојката ги посети Охрид, Скопје, кањонот Матка и други локации, а тенисерката сподели фотографии и видеа од престојот на својот Инстаграм профил.

 

Во последната објава по заминувањето од Македонија, Докиќ напиша:

„Беше магично. Прекрасно време во Македонија. Ти благодарам, љубов моја Јане, за неверојатните спомени и моменти. Навистина беше магично да го доживеам ова со тебе.“

 

Со видеото таа ги собра најубавите моменти од посетата на Македонија, испраќајќи порака дека престојот во земјава за неа бил посебно искуство.

Докиќ уште за време на престојот јавно го изрази воодушевувањето од местата што ги посетила.

 

Таа објави фотографии од кањонот Матка, Старата скопска чаршија и центарот на Скопје, а во една од пораките напиша:

„Скопје, убаво си!“

 

За неа ова патување беше и повеќе од обична туристичка посета, бидејќи Македонија ја посети во друштво на човекот за кого во јавноста често зборува со голема благодарност.

 

Јелена Докиќ во повеќе наврати јавно зборуваше за својот партнер Јане Веселинов, опишувајќи го како нејзино „мирно, безбедно, спокојно и среќно место“.

Таа истакнува дека Јане бил човекот кој ѝ помогнал да помине низ тежок период од животот и да ги надмине траумите со кои долго се борела.

Пред да ја најде љубовта со Веселинов, Докиќ минуваше низ исклучително тежок период, за кој подоцна отворено зборуваше во јавноста, откривајќи детали за семејните проблеми, притисоците и борбата со менталното здравје.

Јелена Докиќ е една од најпознатите тенисерки од регионот и поранешна четврта тенисерка во светот.

Во кариерата играше полуфинале на Вимблдон во 2000 година, а настапуваше и за Австралија и за Југославија.

По завршувањето на професионалната кариера, таа стана позната и по својата отвореност за личните животни предизвици и борбата за подигнување на свеста за менталното здравје.

📷 МАКЕДОНЕЦОТ ЈАНЕ ВЕСЕЛИНОВ ЈА ДОНЕСЕ СВОЈАТА СЛАВНА ДЕВОЈКА ВО СКОПЈЕ Јелена Докиќ воодушевена од убавините на Матка

Поврзани содржини