ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да не дели лекции туку да даде оставка

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за половина година не се зафатил со ниту едена корупциски случај.

920

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски бидејќи нема кредибилитет за функцијата што ја извршува. Дополнително велат од партијата во неговиот мандат  се случи историски раст на корупцијата.

Во соопштението кое го пренесуваме во целост од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Николовски за половина година нема решен ниту еден случај на корупција., напротив институциите му служат да вработување на членови на неговата фамилија.






„Љупчо Николовски го претвори М-НАВ во семејна фирма каде покрај чичко му, работи и неговиот братучед.
Љупчо Николовски нема никаков кредибилитет за функцијата која што ја извршува.
Скоро половина година нема ниту еден решен случај на корупција.
Нема одговорност за Заев за кој Бојан Јовановски од судница лично кажа дека кај него завршиле парите од Рекет.
Нема отворен случај ниту против еден висок функционер од власта. Ден Дончев кој целата јавност го виде како трупа пари во ташна, се шета на слобода.
Драги Рашковски кој го слушнавме како договара аванта при набавка на систем за летање исто така е надвор од домент на правосудството на Заев.
Нема одговорност за ниту еден кој на било кој начин е поврзан со Заеви.
Имаа 4 години на власт но не се зафатија  со ниту еден криминален случај. Напротив тие случаи ги користеа за уцена, за заплашувања и за дополнително корумпирање. Немаат изговори
Љупчо Николовски нема кредибилитет да зборува за право и правдина“.

Поврзани содржини