На последната седница на Советот на општина Ѓорле Петров јас бев предмет на директни, јавно искажани закани по мојот живот и по животот на моето семејство. Пред сите советници, од страна на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Славчо Мисајалевски бев физички нападнат и добив директни закани по својот живот и безбедноста на моето семејство, изјави денеска Влатко Цветковски, координатор на советничката група на СДСМ во општина Ѓорче Петров.
– Случајот е уредно пријавен во најблиската полициска станица ПС Ѓорче Петров и очекувам разрешница.Оваа прилика ја користам да упатам апел до локалните функционери на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со обидите за неискрени извинувања, заканата од Мисајлевски е сериозна и со неа ќе се занимаваат надлежните органи. Инаку, ова не е првпат функционери на ВМРО-ДПМНЕ да се закануваат кон советници во Општина Ѓорче Петров. Јас лично, но и други советници сме сведочеле на брутални закани од страна на советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – вели Цветковски.